
Добар сексуален живот значи да се биде активен. Ако немате редовен секс, не можете да очекувате да останете блиски со партнерот и вашата врска да биде исполнета со позитивна, креативна енергија.
Ако сте забележале дека работите во спалната соба повеќе не функционираат како што треба, поработете на овој проблем, како што ве советуваат актерките од филмовите за возрасни. Еве што препорачуваат за заживување на вашиот сексуален живот и разбивање на монотонијата.
Дишете
– Оргазмот е работа на умот. Ако сте премногу возбудени, прерано ќе свршите. Затоа, смирете се и земете длабок здив. Обидете се да размислувате за нешто друго – вели порно актерот Дерик Пирс.
Не брзајте
– Обрнете внимание на деталите. Нека не ви биде цел само да го направите тоа, туку обидете се да уживате во секој момент – советува Пирс.
Менувајте ги позите
– Ако чувствувате дека наскоро ќе свршите, сменете ја позата. Зачувајте ја вашата омилена поза за крај – открива порно ѕвездата Кели Медисон.
Полека и сигурно
– Наместо предигра која трае пет минути, вложете 20 минути, односно еден час. Предизвикајте се еден со друг. Тогаш воопшто нема да биде важно колку ќе трае сексуалниот однос – советува порно актерката Кејси Калверт.
Направете пауза
– Кога навистина се чувствувате дека повеќе не можете да издржите, застанете и направете пауза. Наместо да се фокусирате на себе, фокусирајте го своето внимание на тоа да ја задоволите партнерката – советува порно дивата Џесика Дрејк.
Вежбајте, вежбајте, вежбајте
– Додека мастурбирате, можете да вежбате техники за одложување на оргазмот, кои ќе ви помогнат и за време на сексот – советува Џесика.