Актерката Сара Џесика Паркер на Инстаграм објави дека се снима втората сезона од серијата „Сексот и градот“ која се вика „И само така“, а фановите се надеваат дека ќе биде подобра од претходната, која за многумина беше разочарувачка затоа што умре Биг (Крис Нот).
Актерката објави фотографија од новото сценарио и додаде дека засега само толку ќе открие.
„Беше болно да се гледа. Се надевам дека новата сезона ќе биде подобра“, „Серијата е премногу лоша во споредба со оригиналната „Сексот и градот“, „Се надевам дека новата сезона ќе биде подобра. Иако сум голем обожавател на „Сексот и градот“, првата сезона не можев да ја гледам до крај“, беа коментарите на незадоволните гледачи.
Во првата сезона, на фановите не им се допадна смртта на Биг (Крис Нот), ниту геј врската на Миранда со комичарката Че.
Рамирез веќе зборуваше за тоа што фановите на серијата може да очекуваат од нејзиниот лик во втората сезона.
– Првата сезона беше оценување на книгата според нејзината корица, а втората сезона е за читање на книгата – изјави претходно Рамирез за „Variety“.
Сепак, на големо задоволство на обожавателите, во втората сезона од серијата се враќа Ејдан, со кој Кери живееше додека не се омажи за Биг.
Сепак, ликот на Саманта кој на сите им недостасува, се чини дека нема да се појави во новите епизоди од серијата.