Шпанскиот суд денеска нареди судење против колумбиската суперѕвезда Шакира поради обвиненијата дека не платила 14,5 милиони евра данок на доход, покажаа судските документи.
45-годишната пејачка на хитот Hips Don’t Lie, чие полно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, ја отфрли спогодбата во јули и ќе мора да се појави на суд, кој може да ја осуди на осум години затвор. Судот Esplugues de Llobregat одлучи да го започне судењето, а датумот ќе биде одреден подоцна.
Обвинителот бара осумгодишна затворска казна за пејачката, која е обвинета дека не платила даноци од 2012 до 2014 година, при што пејачката тврди дека водела номадски начин на живот поради „работни потреби“.
Шакира минатата недела вети дека ќе се бори против, како што рече, лажните обвинувања од шпанските власти. Таа тврди дека ги платила сите обврски кон шпанските даночни власти пред да биде поднесена тужбата против неа.