Алан Рикман, актерот кој остана запаметен по улогата на Северус Снејп во филмовите за легендарниот волшебник Хари Потер, почина во 2016 година по тешка битка со ракот на простата, кој му беше дијагностициран во 2005 година.
Многумина очекуваа дека актерот ќе се повлече од филмовите за легендарниот волшебник, бидејќи првата операција ја имаше во 2006 година, но тој се согласи да се појави во петтиот дел од култниот филм „Хари Потер и редот на феникс“. По објавувањето на делови од неговиот дневник, јавноста конечно има увид зошто тој се согласил да го глуми Снејп и покрај неговата голема битка со ракот.
„Конечно петтиот дел од Хари Потер“, напиша Алан во својот дневник.
Неколку месеци подоцна, тој ги сподели настаните од снимањето на филмот.
– Сфаќам дека нешто е во ред штом ги облеков прстенот и костимот на Снејп. Неприродно ми е да муабетам, да сум насмеан, отворен. Ликот ме обзема. Тоа не се добри квалитети на филмски сет. Никогаш не сум комуницирал помалку со тимот. За среќа, Редклиф ја исполнува улогата со леснотија и шарм. И со младоста – напиша актерот.
Alan Rickman, who brought Hogwarts potions master Severus Snape to life across eight “Harry Potter” films, wrote down his most unfiltered thoughts about the franchise – no veritaserum required. https://t.co/iiFF3AYAk3
— HuffPost (@HuffPost) September 26, 2022
Во 2007 година, Рикман ги сподели своите впечатоци од книгата.
– Завршив со читање на последната книга за Хари Потер. Снејп умира херојски, Потер им го опишува на своите деца како еден од најхрабрите луѓе што некогаш ги познавал и го именува својот син Албус Северус. Една мала информација од Џо Роулинг од пред седум години – дека Снејп ја сака Лили – ми даде столб за кој се држам – напиша актерот.
Тој ја опиша и својата врска со Роулинг, авторката на книгите за Хари Потер.
– Повторно разговарав со Роулинг и таа нервозно ми даде увид во позадината на Снејп. Да разговараш со неа значи да разговараш со некој што ги живее тие приказни, а не ги измислува. Таа е канал на информации – се присетил Алан во својот дневник, како што пренесува Дејли Мејл.