Крофните се деликатес кој секогаш не враќа во детството и во кујната на бабата, а најслатко беше да ги грабнеме додека се уште врели и да излеземе во дворот да си играме. Крофните според овој рецепт се совршено воздушни и меки, а децата ќе бидат особено задоволни со филот со нутела. За тестото ви треба едно јајце, а останатите состојки веројатно веќе ги имате дома.
Состојки: 200 мл топло млеко, 7 гр квасец, 1 јајце, 2 лажици шеќер, 8 гр ванилин шеќер, 50 мл масло, 400 гр брашно, 1 лажичка сол, 4 гр прашок за пециво, Нутела за полнење.
Подготовка: Во чаша топло млеко додадете го квасецот, измешајте и оставете да се активира. Во садот додајте ги јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер, па изматете со рачно матење. Додадете го маслото, добро измешајте, па истурете го квасецот. Сè убаво измешајте, па постепено додајте брашно, сол и прашок за пециво. Замесете го мазното тесто да нема грутчиња. Покријте со фолија и оставете да стаса околу еден час. После тоа, повторно измесете го со раце и поделете го на 9 еднакви делови. Секое со сукало расукајте го по малку во дебелина од околу 1 сантиметар и со прстот направете вдлабнатина во средината. На добро загреано масло пропржете ги крофните од двете страни додека не добијат убава кафена боја. Свиткајте ги во шеќер, а шуплината наполнете ја со лажица Нутела.