НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ ЛУШПИТЕ ОД ЈАЈЦАТА! Еве како можете да ги искористите!

popara28 септември, 20221min00
224519_egg-shells-706502-960-720_f

Откако ќе направите омлет или кое било друго јадење со јајца, не ги фрлајте лушпите. Наместо тоа, иситнете ги и употребете ги во вашата градина. На овој начин ќе им помогнете на растенијата во вашата градина да растат и да се развиваат. Кога ќе се распаднат, лушпите можат да станат одлично природно ѓубриво, обезбедувајќи вредни хранливи материи за растенијата

Како што на луѓето им треба калциум за зајакнување на коските и на целиот организам, така и на растенијата.

Против гниење

Недоволно калциум во растенијата предизвикува гниење на цветовите и овошјето. Гниењето е сериозен проблем кога се одгледуваат домати, пиперки и модри патлиџани и може да се прошири од едно на сите растенија. Често предизвикано од недостаток на калциум, доведува до темни и скапани рани на зеленчукот.

Затоа, пред садењето, во дупката каде што ќе ги засадите семките, ставете една рака мелени лушпи. Тие ќе ја збогатат почвата со калциум, кој го храни коренот на доматот за да дава здрави и цврсти плодови. Истиот ефект ќе го постигнете и со пиперките, краставиците и дињите.

Заштита од полжави

За растенијата кои често се мета на полжави, како што се доматите и невенот, лушпите од јајцата можат да бидат многу корисни во одбраната. Слој од грубо мелени лушпи од јајца околу култивирани растенија може да биде силна бариера за овие гладни штетници. Така, наместо да користите хемиски препарати, доволно е да сочувате неколку лушпи од јајца.

Храна за почвата

Исто така, мелените лушпи од јајца може да се користат за затварање дупки во саксии и контејнери за садење растенија. Покрај тоа, почвата на овој начин прима хранливи материи во процесот на нивното распаѓање. Овој трик функционира со сите видови на растенија во саксии, особено со домашните растенија како што се папратите и другите украсни растенија. Пред да ги користите лушпите, тие треба добро да се исчистат и да се искршат на парчиња доволно големи за да ги покријат дупките.

Извор на калциум

Калциумот, кој се наоѓа во лушпите од јајцата, е од витално значење за сите форми на растителен свет и е клучен регулатор на растот и развојот на растенијата. Доколку сакате да ја зголемите употребата на оваа хранлива состојка, додадете ситно мелени прав од лушпи од јајце во садот за полевање и додадете вода. После тоа, оставете го растворот да отстои неколку дена и употребете го за наводнување на растенија, како зеленчук и украсни грмушки, како природно ѓубриво.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma