ДОКОЛКУ СЕДИТЕ ДО ДОЦНА, ОВИЕ НАМИРНИЦИ СМЕЕТЕ ДА ГИ ЈАДЕТЕ ПРЕД СПИЕЊЕ: Не влијаат на квалитетот на сонот и НЕ ДЕБЕЛЕАТ

popara29 септември, 20221min00
201483_shutterstock-270160304_ls (1)

Одредени намирници многу влијаат на квалитетот на сонот, па затоа е многу важно што јадете доколку сте будни до доцна. Поради оваа причина, за вас избравме што е препорачливо да „грицкате“ во ситните часови, а што апсолутно не.

Секогаш избегнувајте слатки навечер, бидејќи шеќерот почнува да делува во нашиот организам дури по неколку часа. Така, постои можност да се разбудите во текот на ноќта и да не заспиете повеќе, додека наутро ќе се чувствувате уморни и исцрпени.

А овие намирници се одлични за безгрижен сон:

Мелатонин

Мелатонин е хормонот одговорен за спиењето, па затоа се препорачува да консумирате храна која го содржи пред спиење. Почнете да јадете цреши, семки од тиква (бели семки) и пуканки. Семките се богати и со магнезиум, кој ќе им помогне на вашите мускули да се релаксираат, што доведува до полесно заспивање, додека пуканките се богати со серотонин – хормон кој го регулира циклусот на спиење.

kokice

Против ‘рчењето

‘Рчењето никогаш не било добро или пријатно – особено за личноста која спие до вас. Пред спиење јадете цитрусно овошје – лимон, грејпфрут, портокал или мандарина бидејќи се богати со витамин Ц, кој го регулира ‘рчењето. Едноставно направете салата од ова овошје или менувајте го овошјето секоја вечер и јадете го како здрава вечера/ужина.

Против лошите соништа

Верувале или не, храната што ја јадеме може да има ефект врз она за што сонуваме. Кошмарите и грдите соништа никому не му се непознати, но и онака не ни се допаѓаат. Пред спиење јадете храна која е богата со магнезиум и на тој начин ќе си обезбедите мирен сон.

За поубави и имагинативни соништа

Интересните, авантуристички соништа се одлични за секого и за разлика од кошмарите, ние ги сакаме! За подобри соништа, јадете малку сирење за вечера, како и храна богата со витамин Б6. Ви препорачуваме банани и туна!

Švapski sir, Sir

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma