Стоматолог тврди дека е грешка да се користи вода за плакнење на забите веднаш по миењето: Пазете се од кариес!

popara30 септември, 20221min00
teeth-48187111920-830x0

Дали го знаевте ова?

Стоматолог ја запрепасти својата публика на „TikTok“ откако откри дека повеќето луѓе погрешно користат вода за плакнење уста.

Д-р Ана Петерсон е стоматолог од Лондон, која на своите следбеници им кажала дека „користењето на средство за плакнење уста по миењето на забите ќе предизвика расипување на забите“. Ова видео е прегледано речиси три милиони пати.

– Престанете да го правите тоа. Вашата паста за заби има околу 1.450 pp флуорид. Водата за плакнење има само 220 pp флуорид. Ова е многу помала концентрација и недоволна за да ги заштити вашите заби од шеќерите што ги јадете и пиете. Значи, кога ќе ги измиете забите и веднаш ќе ја исплакнете устата со средството за плакнење – само го измивате целиот флуор со висока концентрација.

Ова дополнително води до фактот дека забите не се доволно заштитени, па на тој начин се појавува кариесот.

Докторката Петерсон исто така појаснила дека не е против употреба на средство за плакнење уста, па дури и го препорачува на своите пациенти редовно. Таа само ги потсетува да не го користат откако ќе ги измијат забите.

Единствениот случај кога можете да користите средство за плакнење уста по четкањето е ако почекате 20 до 30 минути, објасни д-р Петерсон во коментарите.

Ретко е стоматолозите да станат вирални за разоткривање работи за кои луѓето се воспитани да веруваат дека се вистинити. На пример, друг стоматолог, д-р Гао, стана вирален на „TikTok“ затоа што им кажа на луѓето дека цело време користиме погрешна количина паста за заби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma