Сокривањето на мозолчињата никогаш не е лесно, а дерматолозите открија како да се шминкате ако имате акни
Луѓето кои имаат акни на лицето мора да бидат многу внимателни при изборот на шминка, но и како ја нанесуваат.
За оние со проблематична кожа има декоративна козметика која доста добро ги прикрива несовршеностите, но и покрај тоа, потребна е посебна грижа. Дерматолозите наведуваат дека првиот и можеби најважниот чекор во тоа е темелното чистење на кожата. Тие исто така нагласуваат дека на лицата со акни им се препорачува да користат само висококвалитетна козметика.
„Често се појавуваат нови воспаленија поради лошото чистење на кожата од декоративната козметика, т.е. шминкање. Ако користите хидрофилни масла и балсами за лице кои длабоко ги чистат порите, ризикот од нови мозолчиња ќе се намали“, објасни експертот
Дополнително, професионалците препорачуваат избегнување на директен контакт на течни козметички производи (прав, BB и CC крем…) со воспалените места, бидејќи тоа го зголемува ризикот од развој на бактерии.
„Постојат коректори кои се нанесуваат со помош на апликатор. За да го маскираат мозолчето со нив, повеќето луѓе обично ја допираат кожата со овој апликатор, што во никој случај не треба да го прават.
Наместо тоа, дерматолозите советуваат да се нанесе потребната количина на раката или палета. Следниот чекор е да ја покриете проблематичната област со прст или четка, која мора добро да се исплакне по употреба.