Нема повкусен и попопуларен појадок од домашните пецива, а ако се кифлички за кои не било потребно многу време и труд – уште подобро!
Овој рецепт е применлив и за солени и за слатки кифлички во зависност од филот и ќе ви траат со денови… Се разбира, доколку не ги изедете веднаш!
Состојки:
1 килограм брашно (тип 400)
1 пакување квасец
240 мл млака вода
240 мл млеко
100 мл масло
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
150 грама путер
белки за премачкување
сусам за посипување
Подготовка:
Измешајте млако млеко и вода, шеќер и сол, а потоа издробете го квасецот во него. Се меша, се посипува со мала количина брашно, се покрива со крпа и се остава да отстои на топло место десетина минути додека да „работи“ квасецот.
Потоа додадете го маслото и изматеното преостанато брашно и месете го тестото додека не омекне и не се лепи за раце. Потоа повторно покријте го со крпа и оставете го да нарасне најмалку половина час.
Тестото поделете го на четири дела, секој дел развлечете го тенко со сукало, па премачкајте го со растопен путер. Се сече на помали триаголници, се филува со сирење, ајвар, џем или крем, па се тркалаат од поширокиот дел до врвот на триаголникот.
Кифличките наредете ги во плех намачкан со масло или обложен со хартија за печење, па секој премачкајте го со изматена белка и посипете со сусам.
Ако ви остана стопен путер, премачкајте го и со тоа.
Се пече во рерна загреана на 200 степени додека не порумени.