Викендот е пред нас, а ако сакате нешто слатко, тогаш можете да направите баунти топчиња
Состојки:
- 200 гр кокосово брашно
- 100 гр млеко во прав
- 100 гр шеќер во прав
- 200 мл слатка павлака
- 100 гр чоколадо за готвење
- три лажици масло
Подготовка:
Со лажица измешајте ги кокосот, шеќерот во прав и млекото во прав, па додадете ја неизматената слатка павлака.
Добро измешајте, па со прстите земете малку од добиената смеса и формирајте топчиња со саканата големина.
Чоколадото растопете го со масло, па секое топче потопете го и оставете ги да се исушат.