Одредени бои можат да предизвикаат одредени емоции кај нас, а овој факт е добра насока при изборот на боите што ги внесуваме во нашиот дом. Две бои особено се издвојуваат по своите карактеристики бидејќи според резултатите од истражувањето во кое учествувале 1.500 испитаници, тие не прават најсреќни.
Бледо зелената боја во внатрешната декорација е голем хит во 2022 година, познато е и дека црвената кујна може да ја намали вредноста на имотот кога сакаме да го продадеме, а знаеме и дека најдобриот избор за спа-атмосфера во бањата е сина. Но, кои бои во домот не прават најсреќни? На крајот на краиштата, чувството на среќа е она кон што сите се стремиме во нашите сопствени четири ѕида.
Модси, компанија за дизајн на ентериер од Сан Франциско, анкетирала повеќе од 1.500 луѓе и открила дека виолетова и жолта се едни од најмалку популарните бои за декорација на домот, но оние кои ги вградиле во нивните четири ѕида се прогласиле за најсреќни. За чувството на среќа, жолтата и виолетова не треба да се комбинираат, но несомнено е дека овие две бои одлично изгледаат и вреди да се обидете да ги комбинирате.
Покрај тоа што жолтата е поврзана со чувството на позитивност и среќа, некои други фактори влијаат на виолетовата и жолтата да бидат боите кои не прават најсреќни во нашите четири ѕида. Според истражувањето, луѓето кои ги бојадисале ѕидовите на просторијата со која било од овие две бои се чувствувале безбедно во своите домови (98 отсто од оние кои избрале виолетова и 87 отсто од оние кои избрале жолта) и чувствувале дека имаат контрола врз просторот во кој живееле..
Ваквите одговори сугерираат дека станува збор помалку за бојата што ги прави да се чувствуваат како што се, туку дека се чувствуваат доволно самоуверени и удобни во својот простор за да можат да си „дозволат“ смел избор за боја на ѕид што ги одразува нивните чувства – дури и кога тој избор не е популарен.
Жолтата може да биде многу добар избор за бојата на кујната, сметаат стручњаците и додаваат дека најдобар избор ќе биде нијанса со сиви подтонови, која е малку попригушена и одлично функционира со разни видови финиш. И во другите простории во домот, одлична опција ќе бидат потемните тонови на жолта, како бојата на сенф. Што се однесува до виолетовата, потемните нијанси како слива можат да создадат топол, привлечен амбиент, додека бојата на модар патлиџан со сиви тонови ќе му даде на просторот порелаксирана атмосфера.