Подеднакво важно како и миењето на косата е темелното миење на темето на главата.
Ако често користите шампон за суво миење, лак, пена или други производи за коса, тогаш со текот на времето може да се развие слој од природни масла, што може да предизвика првут, прекумерно губење на косата и чешање.
Затоа на вашето теме од време на време му треба детоксикација, односно пилинг, за да може кожата да диши . А сè што ви е потребно за да направите пилинг за темето сигурно имате дома.
Дерматолозите препорачуваат во шампонот да додадете лажица шеќер или крупна сол па така да ја измиете косата и да го измасирате темето темелно неколку минути. Повторувајте ја постапката еднаш неделно и за кратко време вашата коса ќе добие волумен, ќе биде поубава, сјајна, поздрава и побујна.