Сакате да изгубите тежина, но без диета?
И тоа е можно, а кафето ќе ви помогне да ослабете.
Нутриционистката Лиза Ричардс советува дека најдобро е да пиете домашно црно кафе без додаден шеќер и млеко. Затоа што на тој начин нема да внесуваме непотребни калории. Но, нејзиниот посебен трик е еднаш дневно да додава малку цимет во кафето.
Лиза вели дека од личен пример дознала колку е моќно кафето во комбинација со цимет. Имено, секое утро таа додавала по една кафена лажичка од овој зачин во својот омилен пијалок. За еден месец забележала значителна разлика во тежината.
Таа успеа да ослабе 4 килограми и да се ослободи од салото кое со години го имаше на стомакот.
– Циметот ја поттикнува термогенезата во организмот и на тој начин доведува до топење на масните наслаги – објаснува Ричардс.
– Тоа е процес на загревање на телото и може да доведе до согорување повеќе калории. Освен тоа, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разни суплементи кои можат да го направат истото – наведува таа.
Напоменува и дека ова не е волшебна напивка и дека резултатите нема да бидат видливи без корекција на исхраната и воведување физичка активност.