Босилек, магдонос, семки од тиква и пет минути работа се сè што ве дели од вкусното песто кое можете да го користите за сендвичи, печени компири, тестенини или како додаток на печен зеленчук и салати. Освен што е вкусно, ваквото песто е полно и со здрави минерали и растителни влакна. За рецептот можете да користите чаша од 250 ml.
Состојки за песто:
1 чаша пржени семки од тиква (излупени)
1 чаша добро маслиново масло
2 чаши листови босилек
1 шолја сечкан магдонос
4 супени лажици свежо исцеден сок од лимон
4 чешниња лук
сол
Подготовка на песто:
Измешајте ги семките од тиква, излупениот лук, босилекот, магдоносот и сокот од лимон додека полека додавајте маслиново масло. Повремено гребете ги страните и блендирајте додека не добиете мазен сос.
Посолете по вкус. Да се чува во фрижидер до 2 дена.