
Сите слушаме колку е важно да се сакаме себеси онакви какви што сме, но понекогаш тоа не е толку едноставно. Исто така може да биде тешко да одредите дали навистина се сакате себеси, но тестот во продолжение ќе ви помогне во тоа. Прашањата се навистина едноставни, но важно е да одговарате искрено и без многу размислување. Потребни ви се лист и пенкало и само неколку минути.
На секоја изјава треба да одговорите со „секогаш“, „понекогаш“ или „никогаш“ и притоа ставете 1 поен за секогаш, 2 за понекогаш и 3 за никогаш.
- Ми се допаѓа мојот изглед.
- Сигурен/на сум во своите способности.
- Се сметам за добра личност.
- Не жалам за своите грешки. Поради нив сум личноста којашто сум денес.
- Не им завидувам на другите.
- Не се споредувам со другите.
- Се сметам за добронамерна личност.
- Ги сакам своите години.
- Ја сакам својата професија.
- Сакам кога некој ќе ми даде комплимент.
Резултати
0-12 поени: Безусловна љубов
Ова е добар резултат кој покажува дека знаете да се сакате безусловно. Се прифаќате онакви какви што сте, не барате недостатоци и сигурни сте во вашата единственост и оригиналност. Вие сте личност способна за сè. Одлучни сте и професионални во вашата област. Успехот за вас е неизбежен и вие сте одличен родител кој може да одгледа дете полно со љубов и разбирање. Само продолжете така.
13-20 поени: Се барате себеси
Како и повеќето луѓе, така и вие се сомневате во вашите способности. Меѓутоа се обидувате да научите како да се сакате и да се прифатите. Вложувате напор да го добиете ова најважно чувство. Вие сте на вистинскиот пат. Обидете се почесто да се слушате себеси и вашите желби и потпрете се на вашето здраво расудување.
Над 21 поен: Имате проблем
За жал, вие воопшто не се сакате себеси. Можеби причината е тешкото детство поради кое сте научиле да се вклопувате со другите. Исто така постојано се сомневате во себе и во вашите одлуки и избори. Уште веднаш почнете да кажувате што ви се допаѓа, а што не и правете го она што го сакате. Наскоро вашата ситуација ќе се промени на подобро.