
За подетално објаснување погледнете го видеото
Поголемите и поизразени усни денес се во тренд, а девојките прибегнуваат кон различни третмани за да ги зголемат.
Сепак, вистината е дека ништо од тоа навистина не ви треба, туку само со помош на шминка и неколку трикови можете да постигнете полни и убави усни.
Ефектот секако ќе биде краткорочен, но тоа е подобра опција отколку да трошите пари на скапи третмани во козметички салони и да се изложувате на ризик.
Затоа професионална шминкерка од Париз, позната како Андреа Али, откри како да направите вашите усни да изгледаат пополно со помош на шминка.

Имено, таа наведува дека како што го контурирате лицето, можете и усните.
Како прв чекор, треба да создадете визуелна длабочина на работ на усните со четка и потемна нијанса на пудра за контурирање. Потоа користете молив за усни, кармин со четка и на крајот сјај.
Погледнете го видеото во кое се објаснува процесот, чекор по чекор: