
Кајли Џенер реши да ги воодушеви сите
Модната недела во Париз ги собра познатите личности од целиот свет. Видовме различни креации и екстраваганција на највисоко ниво.
Една од најзабележаните личности дефинитивно се сестрите Кардашијан-Џенер, а најмладата од нив, Кајли, носеше најразлични стилови, од оние отворени парчиња облека до најзатворените за крај.
По долната облека и целосно проѕирните тоалети, Кајли сега се одлучи за материјал од глава до пети.
– Овој изглед беше посебен – го карактеризираше Кајли својот стајлинг.

Таа носеше бел долг фустан, целосно припиен за нејзиното тело, а за се да биде понеобично, беше придружено со дополнителен материјал. Кога ќе ги рашири рацете, фустанот има повеќе материјал кој оди од ракавите до подот.
За фустанот што повеќе да се истакне, таа ја собра косата во строга пунџа, а од накит носеше само обетки.