Џорџ Р. Р. Мартин објавува уште една книга: И секако… Не е тоа што го очекуваме

popara4 октомври, 20221min00
karta-830x0 (1)

Додека единствениот Таргариен за кои сакаат да читаат обожавателите е Данерис, на Џорџ Р.Р. Мартин воопшто не му е грижа. Се ближи уште една зима, но со неа не се „Зимските ветрови“, туку сосема спротивното – уште оган. Мартин на Твитер објави дека наскоро ќе биде објавен нов том од историјата на династијата на змејови наречен „Подемот на змејот“.

– Ни останува уште еден месец од објавувањето на книгата Rise of the Dragon, која длабоко се нурнува во историјата на династијата Таргариен.

Нема сомнение дека, исто како Fire and Blood, Rise of the Dragon ќе биде раскошна визуелна „историска“ книга – со над 180 сосема нови илустрации.

Со оглед на тоа дека книгата ќе пристигне околу две недели по финалето на серијата „House of the Dragon“, тајмингот е добро избран.

„Rise of the Dragon“ е продолжение на „Fire and Blood“. Романот ќе го опфаќа истиот временски распон како и првата книга и ќе ја раскаже приказната за Таргариените од подемот до Танцот на змејовите.

Што мислите за серијата „House of the Dragon“?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag