
Пејачката Џенифер Лопез ѝ се врати на старата љубов Бен Афлек по свршувачката со Алекс Родригез. Тој првпат по раскинувањето проговори за Џеј Ло.
Тие двајца не се венчаа, бидејќи Џенифер сфатила дека сè уште го сака Афлек, со кој беше многу порано. Во раните 2000-ти, тие двајца беа еден од најпознатите парови на светската сцена.
„Прво, би сакал да кажам дека мило ми е што никогаш нема да бидам претседателски кандидат затоа што ќе ме убиете со прашања“, се пошегувал Родригез, а потоа продолжил:
„Тоа беше убаво искуство, но не траеше. Како и да е, на нејзините деца им посакувам се најдобро, сепак се грижам за нив“, му открил Алекс на ТВ водителот Крис Валас, пишува „PageSix“.
Алекс и Џенифер двапати ја откажаа својата венчавка поради пандемијата, првата беше планирана за 2020 година. Дополнително, се шпекулираше дека ја изневерил со ријалити ѕвездата Медисон Лекрој.