
Не ни сонувала дека ќе стане позната
Ретко кој не се сеќава на атрактивната пејачка Никол Шерцингер, поранешна членка на групата „Pussycat Dolls“. Таа беше една од највпечатливите членови на споменатата група, а освен со гласот се истакна и со својот атрактивен изглед.
Пејачката сега има 44 години, а никогаш не изгледала подобро. Таа ужива во сето она што го постигнала досега, а често истакнува дека животот не и бил воопшто лесен.
Имено, нејзините родители не можеле да и обезбедат се, па морала да заработува пари за своето образование.

За да заработи, продавала шминка, пеела опери во италијански ресторан, а она што шокираше многумина е тоа што продавала крв.
– Најсиромашна бев кога студирав. Давав крв за да добијам пари – изјавила Никол. Таа откри и дека нејзиниот најчест оброк биле палачинки со вода, бидејќи биле евтини и заситувачки.
– Многу го сакам семејството, но никогаш не сум имала некој што би ми купил автомобил или би платил часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со свој труд – додаде таа.
Никол сега има се за што сонувала, успешна кариера, љубов, пари и слава.