
Последната церемонија на Оскарите беше одбележана со инцидент
На холивудскиот актер Вил Смит му беше забрането учество на Оскарите откако му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на сцената откако се пошегува на сметка на изгледот на неговата сопруга, но неговиот филм може да биде номиниран за престижната награда.
Вил Смит, наводно, е во трка за Оскар во 2023 година, откако објави дека неговиот нов филм ќе биде објавен во декември 2022 година.
Сега актерот би можел да биде номиниран, пишува Мирор, но сепак нема да може да присуствува на престижната церемонија.
Вил Смит поднесе оставка од Академијата по настанот кој го обиколи светот и подоцна му се извини на Крис Рок за неговите постапки.