НИ ГО ДАВЕШЕ ДЕТЕТО И МЕ ПОЛИ СО ВИНО Анџелина Џоли упати страшни обвинувања против Бред Пит

popara5 октомври, 20221min00
Screenshot_8

Анџелина Џоли поднесе противтужба кон својот поранешен сопруг Бред Пит, а во новите документи доставени до судот, открила нови детали за злоставувањето, поради што дојдоа до развод и крај на нивниот брак.

 

 

 

Имено, актерката и порано откри дека Пит наводно ја злоставувал неа и децата во текот на летот со приватниот авион во септември 2016 година, а сега и детално опиша што точно се случило.

 

„Пит го гушеше едното дете, а другото го удри по лицето“, пишува во судските документи, а опишан е и моментот кога актерот ја фатил Анџелина за глава и ја истресол. „Во еден момент ја поли Џоли со вода, а потоа и децата ги поли со вода, па со црвено вино“, се наведува во документите.

 

Конфликтот, како што напишала Анџелина во извештаите, почнал кога Бред ја обвинил дека премногу е попустлива со децата, по што почнал да вика на неа во тоалетот.

 

„Пит ја зграби главата на Џоли и ја размрда, а потоа ја фати за рамениците и повторно ја протресе пред да ја бутне во ѕидот на тоалетот. Тој потоа го удри плафонот на авионот многу пати, поради што таа ја напушти просторијата“, пишува во судските документи.

 

Понатаму се наведува дека едно од децата станало во одбрана на мајка си, кога Пит наводно почнал со нападот врз децата.

 

Инаку, инцидентот на летот е пријавен во федералните власти, но ФБИ објави соопштение дека истрагата е затворена и дека нема покрената никаква тужба.

 

Адвокатите на Џоли изјавија дека Бред барал од нејзе да потпише „спогодба за неоткривање на податоците кои со договор ќе и` забранат да зборува надвор од судот за физичкото и емоционалното злоставување на Пит кон неа и нивните деца“.

 

Да се потсетиме, судскиот процес во Лос Анџелес е отпочнат околу винаријата која ја поседуваше парот во Франција.