
Костумите со светли бои се чини дека се омилени меѓу ѕвездите и актерките бидејќи Рис Витерспун е само една од многуте кои ни донесоа инспирација за дневни комбинации оваа есен.
Актерката е фотографирана во Њујорк облечена во стил кој ќе го обожаваат сите жени.
Имено, Рис облекла елегантен син костум, бела кошула, а со оглед на тоа дека во Њујорк беше дождливо и студено утро, облече и сив капут.

Убавата русокоса носеше темни потпетици, што всушност значи дека успеала совршено да искомбинира четири бои во овој едноставен стајлинг. Од накит ставила мали златни обетки и златни прстени.
Иако повеќето се плашат да ја носат оваа боја, бидејќи е малку напорна, Рис даде одличен пример како можете да ја комбинирате.