Дали е здраво да спиете сосема голи? Постојат бенефити, но и причини зошто тоа не е добро

popara16 ноември, 20221min00
shutterstock1954304587-830x0

Некои луѓе не можат да одат во кревет додека не ги облечат своите пријатни пижами. Сепак, има и такви кои тврдат дека се чувствуваат многу поудобно кога спијат без облека на себе.

 

 

Вистина е дека повеќето луѓе во текот на летните месеци спијат без облека, додека во зима сè уште носат дел од облеката што не им пречи за време на спиењето. Сепак, докторката Софи Босток, специјалист за нарушувања на спиењето, за „Womenshealthmag“ вели дека не се препорачува да спиеме голи на висока топлина бидејќи температурата на телото ни е доволна ноќе.

– Кога спиете голи, потта се собира на телото и останува таму, што не е добро бидејќи температурата на телото ќе се намали во текот на ноќта, а потта премногу ќе ве разлади – рече д-р Босток, кој советува да спиете во лесни пижами и ноќници, и материјал кој ќе ја впие потта на телото.

Доктор Ентони Џонс објасни и зошто не треба да спиеме голи.

– Просечниот човек испушта гасови од 15 до 25 пати на ден, а тоа може да се случи и кога спиете. Научна студија докажа дека секогаш кога се случува тоа, прскате мала количина фекален материјал – рекол тој, цитиран од „Меншилт“.

Сепак, оние кои спијат голи тврдат дека се чувствуваат поудобно, а експертите открија некои здравствени придобивки од спиењето без облека. Ние ви ги носиме основните, ако сепак се одлучите на таа опција.

 

1. Помалку стрес

Истражувањата покажаа дека недостатокот на сон може да доведе до зголемување на хормонот на стрес кортизол следната вечер. Стресот и анксиозноста, покрај недостатокот на сон, можат да доведат и до промени во расположението и слаби когнитивни перформанси. Затоа, ако спиењето без облека придонесува за подобар сон, добро е и за помал стрес.

 

2. Ќе спиете подобро

Постојат силни докази дека намалувањето на телесната температура помага за поздрав и подлабок сон. Во една студија спроведена помеѓу 2002 и 2011 година, биле анкетирани 765.000 луѓе и откриле дека покачените температури предизвикуваат лош сон. Најдобар начин да ја намалите телесната температура е да спиете голи, но и да ја одржувате температурата во спалната соба на 18 степени.

 

3. Добро е за кожата

Дерматолозите на оваа тема треба да додадат дека „кога ни трпи сонот, ни страда и кожата“. Со активирање на хормоните на стрес и намалување на времето поминато во „режим на закрепнување“, кожата е повеќе изложена на ризик да стане сува, безживотна или склона кон акни. Тесната облека, особено кога се потите, може да предизвика акни на грбот и задникот. Кога спиеме голи ги избегнуваме сите можни иритации кои можат да ги предизвика долната облека или пижами на тие делови од телото, пишува „Healthline“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma