Успешниот актер Кристијан Бејл открива како функционира Холивуд.
Актерот Кристијан Бејл открива дека на Леонардо ди Каприо му се нуди секоја главна машка улога во Холивуд и дека секоја улога која друг ќе ја добие тоа е затоа што тој ја има одбиено.
Бејл додаде дека тој и другите постари актери од хит-филмот „Титаник“ нему му ги должат улогите:
Скоро сите кои се слични на него во Холивуд му ја должат својата кариера на него за секој проект, истакна Кристијан за GQ.
Не е важно што ви кажуваат. Не е важно колку сте пријател со режисерите. Сите тие луѓе со кои работев повеќе пати добија улоги кои тој ги одбил. Самите ми го кажаа тоа. Значи, ти благодарам Лео, бидејќи буквално ти можеш да избираш што ќе работиш. И добро е за него, тој е феноменален, додаде англискиот актер.
Беше прашан и дали тоа го сфатил лично, Бејл само одговорил:
Не. Знаеш ли колку сум благодарен што воопшто добив улога, искрен беше Кристијан Бејл.
Кристијан Бејл е веќе 22 години во брак со Сиби Блажиќ, поранешната манекенка со српско потекло, која е родена во Чикаго.