Кардиолозите предупредуваат: Оризот не е добар за срцето, може да биде поопасен од слатките!

popara7 октомври, 20221min00
Pirinac-u-tegli

Иако оризот со векови е на менито на најдолговечните луѓе во светот, новото истражување покажува дека тој може да биде опасен за здравјето на срцето.

Ако сте голем љубител на белиот ориз, тогаш ова е лоша вест за вас.

Белиот ориз е основна храна за повеќе од половина од светското население.

Белиот ориз најчесто го користиме во исхраната, но колку ни е навистина корисен?

Најновото истражување покажа дека јадењето повеќе ориз е исто толку лошо за срцето како и јадењето премногу слатки. Студијата опфатила околу 2.500 луѓе, од кои некои имале болести на срцевите артерии. Сите испитаници одговарале на прашања за нивната исхрана, со цел да утврдат колку често јадат житарки.

Истражувачите откриле дека поголем внес на рафинирани житарки е поврзан со зголемен ризик од предвремено заболување на срцевите артерии, додека консумирањето на цели зрна е поврзано со намален ризик.

– Многу фактори се вклучени во тоа зошто луѓето можеби консумираат повеќе рафинирани житарки за разлика од цели зрна. Некои од најважните фактори кои треба да се земат предвид вклучуваат економија и приход, работа, образование, култура, возраст и слично – рече д-р Мохамад Амин Кајави Гаскареи, главен автор на студијата.

Според него, исхраната која содржи претежно бел ориз може да се смета за еднаква на диета која содржи многу нездрави шеќери и масла. Рафинираните зрна брзо се разградуваат од телото бидејќи немаат влакна, што доведува до скок на нивото на шеќер во крвта после оброк.

Со текот на времето, високиот шеќер во крвта може да влијае на контролата на срцето и да предизвика таложење на наслаги во артериите.

Во споредба со белиот ориз, кафеавиот ориз се чини дека е подобар за шеќерот во крвта. Сепак, како што препорачуваат лекарите, не јадете премногу од него.

Инаку, кафеавиот ориз е многу хранлив и лесно сварлив и е важен извор на сложени јаглехидрати, протеини, растителни влакна и витамини од групата Б.