Откријте го манипулаторот навреме: Пет лажни извинувања кои се најчестиот облик на манипулација во бракот

popara8 октомври, 20221min00
Ljubavni-par-svadja-2048x1152

Не е лесно веднаш да препознаете манипулатор, секогаш имајте на ум дека тој внимателно се подготвува, како и дека ги користи сите можни тактики за да ве држи под негова контрола.

Лажењето е друго име за него, а по некое време ќе забележите дека партнерот често ви се извинува, но во пракса ништо не менува во неговото однесување.

Затоа е многу важно да ја разберете природата на лажните извинувања и како манипулаторот ги користи против вас.

Извинување каде, всушност, вие сте виновни

Ова е сигурна тактика што ја користат многумина кои се склони кон манипулативно однесување за да ја прикријат својата вина. Извинувањето на вашиот партнер е навистина само реченица во која ве обвинува за се. На пример, може да каже „Жал ми е што се чувствуваш така“ или „Жал ми е што ги повредив твоите чувства“. Ова извинување е манипулативно затоа што вината ја префрла на вас, наместо тој да ја преземе одговорноста за своите постапки.

„Не оставај ме“ вид на извинување

Ова е последниот адут во ракавот на личност која навистина не знае како правилно да се извини некому. Ако добивате ваков вид извинување од вашиот партнер, тоа е доказ дека тој е некој кој има многу ниска самодоверба и не знае како да го живее животот без вас. Ќе ви каже „извини“ за нешто што ве навредило, за да ве убеди да останете покрај него, иако навистина не му е жал што нешто се случило.

Се ќе направат, само да им простите

Личноста која користи ваков тип на извинување ќе ве натера да се чувствувате виновни доколку не му простите. Всушност, таа ќе направи се само за да ја добие вашата прошка. Како таков, кога конечно ќе му простите, вашиот сопруг ќе продолжи да прави се што правел до сега, знаејќи дека може да манипулира со вас како што сака. Во овој тип на извинување, ќе слушнете „Ќе направам се за тебе, само прости ми“, но тие молби не се искрени.

„Око за око“ извинување

Ваквото извинување изгледа како детска игра, само што не е воопшто смешно. Ако го слушнете вашиот партнер како вели „Ќе се извинам ако го направиш ова и она“, треба да знаете дека ова е манипулативна акција и дека извинувањето нема да биде искрено. Оваа негова постапка е всушност размена, која ве принудува на компромиси таму каде што не би требало да ги има.

„Мора да ми се извиниш и мене“

Ова е веројатно најчестиот тип на извинување што го користат оние на кои им е тешко да преземат одговорност за своите постапки. Донекаде се подготвени да ги сносат последиците, но доколку некој друг се вклучи во целата приказна.

Ако вашиот сопруг ви каже дека ќе се извини ако го сторите истото, сметајте дека тој се обидува да ве натера да се чувствувате виновни таму каде што не треба да има. Ако знаете дека сте во право и дека тој не бил фер, не се согласувајте со ваквите предлози.