
Наутро на празен стомак, не треба да јадете храна која може да ви го отежне варењето или можеби да предизвика стомачна болка. Експертите советуваат наутро да избегнуваме вештачки вкусови, непроверени житарки со големо количество шеќер и индустриски сокови, бидејќи со ваков појадок голема е можноста остатокот од денот да го во поминеме мачнини, со киселини и недостаток на енергија.
Храна за добро утро
Свежото овошје е секогаш добар избор на витамини, минерали, хранливи влакна и вода. Некое овошје за појадок ќе му помогне на телото да се справи со вишокот токсини, но и ќе обезбеди доволно енергија за работниот ден. На едноставните шеќери од овошјето ќе му треба повеќе време за телото целосно да ги апсорбира. Кога јадеме овошје на празен стомак, телото ќе ги прифати сите хранливи материи, влакна и едноставни шеќери на најдобар можен начин.
Овесна каша, хељда и пченкарно брашно
Експертите советуваат и едноставни каши од овес и пченка. Јадењето на овие намирници на празен стомак ќе спречи зголемено лачење на хлороводородна киселина и ќе спречи горушица. Овесната каша содржи растворливи влакна кои го олеснуваат варењето и го намалуваат нивото на лошиот холестерол. Кашата од хељда и пченкарно брашно го стимулираат варењето, го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол.
Мед и јајца
Медот е добар начин да го започнете денот, ќе го разбуди имунолошкиот и дигестивниот систем. Се верува дека медот е храна која може да ги ублажи симптомите на „синдром на мрзливи црева“ и други стомачни проблеми. Го зајакнува нашиот имунолошки систем и штити од штетни вируси и бактерии.
Јајцата се одличен избор на храна што треба да се консумира на празен стомак. Јајцата обезбедуваат подолго чувство на ситост, докажано е дека луѓето кои јадат јајца наутро немаат проблеми со дебелината.
Сочувајте ги доматите за ручек
Суровиот зеленчук е одличен избор на витамини и минерали, но не и за појадок. Доматите се одличен извор на витамин Ц, но содржат и високо ниво на танинска киселина, која ја зголемува киселоста на желудникот и може да доведе до чир. Совет е дека за ручек се конзумира салата од домати.
Јогурт не на празен стомак
Јогуртот е намирница без која многу луѓе не можат да го замислат појадокот, меѓутоа, некои луѓе имаат чувствителен стомак и не треба да пијат јогурт на празен стомак. Јогуртот содржи здрави млечни бактерии кои не стигнуваат до цревата кога се пие на празен стомак. Совет е да изедете нешто пред да конзумирате јогурт.
Банани и цитруси
Овошјето е добар избор на храна на празен стомак, но не и бананите, кои може да доведат до нагло зголемување на простиот шеќер, но потоа и до негово брзо опаѓање. Поради тоа, некои луѓе ќе имаат болки од глад подоцна во текот на денот. Цитрусите исто така не се препорачуваат на празен стомак, бидејќи може да предизвикаат киселини кај чувствителните луѓе. Не се препорачува свежо цеден сок од портокал, но дозволена е лимонада бидејќи водата ќе го разреди сокот од лимон.
Без крофни или палачинки
Шеќерот додаден во повеќето преработени храни и други засладувачи го има истиот ефект врз црниот дроб како и пиењето големи количини на алкохолни пијалоци. Шеќерот од овошјето е прифатлив бидејќи содржи растителни влакна, но голема количина фруктоза сама по себе може да го преоптоварува црниот дроб. Палачинки со сладок сируп или крофни не се добар начин да го започнете денот.