
Претстојниот филм на Нетфликс Slumberland во кој ќе уживаат и децата, е вистинска авантура со Џејсон Момоа во главната улога. Омилениот актер на многу жени ќе го глуми ексцентричниот одметник Флип кој тргнува во потрага по скапоцениот „свет на соништата“ додека ѝ помага на младата Немо (Марлоу Баркли) повторно да се обедини со нејзиниот покоен татко.
„Добредојдовте во мојот свет, душо! Сламберленд, светот на соништата“, ѝ вели Флип на Немо додека го бараат богатството што им овозможува „да посакаат било што овде во земјата на соништата“. Флип порано бил партнер на таткото на Немо, но откако ќе умре во бура, Немо мора да живее со нејзиниот вујко. Потоа наоѓа утеха во своите соништа.
Откако ќе спие, нејзината плишана свиња оживува, а на креветот му растат нозе, со кои ги шета во морето и ја носи Немо во земјата на соништата. Инаку, филмот е базиран на стрипот Малиот Немо во земјата на соништата.
„Морам да ви кажам дека оваа улога навистина отклучи многу работи за мене. Го гледав филмот со моите деца и со Марлоу и нејзиното семејство. Чудно е кога плачете гледајќи свои работи. Ме воодушеви и бев толку емотивен. Оваа улога едноставно ми овозможи да бидам слободен, а ликот е толку забавен“, изјави актерот за People. Момоа објасни и како одржува контакт со своето внатрешно дете, кое во филмот го претставува Флип.
“Станав актер. Не можам да се извлечам од тоа. Се трудам да бидам колку што е можно повозрасен. Но, вистината е дека сакам да играм и забавно е да бидам креативен и да ја користам мојата имагинација. Моите деца ме чуваат млад“, рече Момоа, кој е татко на 15-годишната Лола Јолани и 13-годишниот Накоа-Волф Манакауапо.
„Slumberland“ ќе биде премиерно прикажан на Netflix на 18 ноември.