БАКЛАВА СО ОРЕВИ И ВАНИЛА! Брз и вкусен ДЕСЕРТ готов за 20 МИНУТИ!

popara8 октомври, 20221min00
Screenshot_2

Брза баклава која се пече за само дваесет минути.

 

 

Состојки:

 

  • 1 пакување кори за пита
  • 125 гр путер
  • 1 или 1 1/2 шолји ореви
  • екстракт од ванила
  • 3 ​​чаши шеќер
  • 2 чаши вода

 

Подготовка:

 

Корите поделете ги на 2 еднакви дела. Едната половина од корите посипете ја со 1/3 од растопениот путер и половина од крупно мелените ореви. Убаво завиткајте во ролат и повторете ја постапката со другата половина од корите. Ролатите исечкајте ги на парчиња со големина од околу 2-3 см и наредете ги вертикално во намрсен плех.

 

Одозгора посипете ја преостанатата 1/3 од стопениот путер. Ставете ја баклавата да се пече во умерено загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути или додека не добие убава розова боја.

 

Подгответе го шеќерниот сируп со ванила, оставете да се вари неколку минути. Оставете малку да се излади и прелијте со ладната баклава. Одозгора посипете ја баклавата со мелени ореви и послужете ја откако ќе одмори малку.