
Зеленчукот е одличен сојузник доколку се борите со вишокот килограми, но од друга страна тој е и ваш најголем пријател за добро здравје.
Направивме листа на најмалку калорични зеленчуци кои содржат помалку од 50 калории во 100 g.
Овие зеленчуци можете да ги јадете во неограничени количини без “грам” грижа на совест.
- Целер
100 g целер содржи само 15 калории, 2.9 g јаглехидрати, 0.1 g масти и 0.7 g протеини. Целерот исто така содржи и калиум, калциум, витамин А, Витамин Ц, витамин Б6 и магнезиум. Можете да го јадете како салата или да го комбинирате во зеленчуково вариво. Користете го и како замена за чипс со вашиот омилен сос по желба.
- Спанаќ
100 g спанаќ содржат само 23 калории, 3.6 g јаглехидрати, 0.4 g масти и 2.8 g протеини. Спанаќот содржи многу големо количество на витамин А. 100 gспанаќ содржат 50% од дневните потреби за витамин Ц, но исто така спанаќот содржи и витамин Б6, железо и магнезиум.
Спанаќот е одличен да го консумирате како свежа салата, да го искористите за подготовка на вкусно зелено детоксицирачко смути. Исто така спанаќот можете да го ставите во било кое вариво, да го комбинирате со ориз или било која житарка како киноа, просо, хељда и амарант.
- Аспарагус
100 g аспарагус содржат само 18 калории, 3.8 g јаглехидрати, 0.1 g масти и 2.1 g протеини. Аспарагусот содржи и голема количина на растителни влакна, магнезиум, витамин А, витамин Ц, витамин Б6, магнезиум, калциум и железо.
Тој има магични својства во проблемите со варењето на храната.
Највкусен е доколку кратко го печете во рерна на хартија за печење и го попрскате со малку маслиново масло, хималајска сол и зачини по желба. Одлично се комбинира со печено месо.
- Брокули и карфиол
100 g карфиол содржат само 25 калории, 5.3 g јаглехидрати, 0.1 g масти и 1.9 g протеини. Во 100 g брокули пак има само 34 калории, 6.6 g јаглехидрати, 0.3g масти и 2.8 g протеини.
Брокулите и карфиолот исто така содржат многу големо количистево на витамин Ц и калиум како и многу големо количество на антиоксидаснки кои го штитат телото од слободните радикали.
- Печурки
100 g печурки содржат само 21 калорија, 3.2 g јаглехидрати, 0.3 g масти и 3 g протеини. Печурките се одличен извод на витамини од групата Б, селен и бакар.
Печурките се одличен извор на растителни протеини и одлично се вклопуваат во било кој ручек.