Секоја врска во својот почеток изгледа како магијата нема никогаш да исчезне и таа ќе трае засекогаш, но за жал тоа не е така. На се има крај, па и на љубовта. Откријте дали на вашата врска и се ближи крајот преку овие знаци кои докажуваат дека полека почнувате да се одљубувате.
- Поминувате помалку време со партнерот
На почетокот ви се чини дека времето лета и неколку часа ви изгледаат како неколку секунди поминаи заедно. Но сега ви се чини обратно. Доколку чувствувате дека подобро ви е кога сте на дистанца од вашиот партнер отколку да сте покрај него, тогаш треба да се запрашате каде води таа врска.
- Чувствувате апатија
Едно од најважните нешта во врска е да сочувствувате со вашиот партнер и да му бидете поддршка во секој сегмент од животот. Кога ќе започнете да чувствувате индиферентност кога се во прашање нивните емоции, се помалку се грижите за тоа што тој чувствува и веќе не ви е битно низ што поминува тогаш е веќе време за крај.
- Вашиот партнер веќе не ве привлекува
Привлечноста доаѓа и си оди, велат истражувачите. Кога сте лути на вашиот парнет привлечноста полека згаснува но кога ќе ви помине гневот привлечноста повторно се враќа. Но доколку чувствувате дека вашиот парнер воопшто не ве привлекува повеќе, и не сакате да бидете интимни со него, тогаш значи дека вие сте се одљубиле!
- Вашиот парнер не ви е веќе посебен
Кога сте престанале да гледате на вашиот парнер како на посебна личност, значи дека веќе сте ја зеле вашата врска „здраво за готово“. Парнерите кои се вљубени еден во друг се вреднуваат еден со друг и чувствуваат благодарност што имаат таква личност за свој партнер и го ценат тоа. Ако чувствувате дека вашиот парнер е само „уште една риба во морето“ голема е веројатноста дека веќе не сте заљубени во него.
- Не мислите на него кога не сте заедно
На почетокот на врската вашиот партнер ви е постојано во мислите. Чувствувате како вашиот свет да се врти околу него.Но доколку на моменти почнувате да „заборавате“ на некој начин и ви изглегува комплетно од мисли, значи дека веќе не е еден од вашите приоритети во животот, а штом е така тоа значи дека тој полека почнува да излегува и од вашето срце.
- Не постои повеќе почит помеѓу вас
Двете најважни нешта за успешна и здрава врска се почит и љубезност. Кога почитувањето ќе го снема, вие почнувате да се расправате се повеќе и повеќе, и тоа за мали безвредни и банални работи. Ако не можете да ја вратите почитта према личноста со која сте заедно, значи дека веќе не сте заљубени во неа.
- Не сакате да работите на вашата врска
Ако не чувствувате мотивација за да ги разјасните нештата меѓу вас и да поработите на подобрувањето на вашиот однос или вашата врска во комплетност, ако не сакате да разговарате за нештата кои ви пречат, тогаш вие не сте повеќе заљубени!