Актерот Алек Болдвин ќе продолжи со снимањето на филмот „Rust“ во јануари 2023 година, бидејќи постигнал доверлива спогодба со Метју, сопругот на снимателот Халина Хачинс, кој почина трагично, а сега тоа го објави и обвинителството.
Набргу по спогодбата, обвинителството објави дека тоа нема да влијае на разгледувањето на кривичната пријава од страна на окружниот обвинител.
За да спречат јавноста да добие погрешен впечаток, најавија дека оваа спогодба нема да влијае на натамошниот тек на истрагата.
„Предложената спогодба објавена во случајот со погрешна смрт на Халина Хачинс нема да има влијание врз истрагата на окружниот обвинител Мери Кармак-Алтвајс или нејзината конечна одлука дали да поднесе кривична пријава во случајот“, рече претставник на канцеларијата на ДА, додавајќи :
„Додека граѓанските случаи се решаваат приватно и често вклучуваат финансиски награди, кривичните предмети се занимаваат само со факти. Доколку фактите и доказите налагаат кривична пријава според законот на Ново Мексико, тогаш ќе бидат поднесени обвиненија. Никој не е над законот.“
Обвинителството разгледува обвинение против дури четири лица, меѓу кои и Болдвин.
Да потсетиме дека Халина беше убиена кога Алек Болдвин пукал на филмскиот сет, не знаејќи дека во пиштолот имало вистински куршум. Колку актерот не се грижи за можноста да ги трпи последиците од овој немил инцидент, јасно е од неговите последни објави на Инстаграм.
Имено, неколку дена откако го доби осмото дете, тој на Инстаграм јавно му се заблагодари на семејството што го ’одржи во живот’ по оваа страшна трагедија која му се случи.
„Минатата година срцето ми се скрши илјада пати. А работите во мојот живот можеби никогаш нема да бидат исти. Доаѓаат многу промени, но моето семејство ме одржа во живот. Тие се мојата причина за живеење“, напиша тој претходно, очигледно осврнувајќи се на веста дека може да се соочи со кривична пријава за пукањето.