Бабиниот колач е една од најпопуларните деликатеси од минатото. И денес се прави и се јаде, но многу луѓе го знаат под друго име.
Некаде се галети, некаде се вафли, а всушност сите тие не се ништо друго освен модерни верзии на познатиот колач на баба. Може да се јаде со разни прилози, а добро познатите празни, со шеќер во прав или домашен џем се оние кои ни го одбележаа детството.
Ако сакате да се вратите неколку децении наназад и повторно да уживате во овој одличен десерт, набавете хартија и пенкало и запишете го овој рецепт, бидејќи сме сигурни дека ќе го правите повторно и повторно.
Потребно е:
600 гр брашно
250 гр шеќер
3 јајца
125 гр путер
150 мл млеко
2 кесички ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво
1 рамна лажичка сол
кора од еден лимон
Подготовка:
Млекото малку загрејте го и во него додадете го растопениот путер, а потоа изматете ги јајцата во пена во садот во кој ќе ја подготвите смесата.
После тоа, додадете шеќер, ванилин шеќер, сол и прашок за пециво. Сè убаво соединете. Додадете ја кората од еден лимон, која претходно сте ја изрендале на најмало ренде.
Во смесата додадете млеко и путер, па замесете тесто.
Печење:
Ставете една лажичка од смесата во претходно загреан тостер или апарат за правење вафли и покријте со горниот слој. Потоа се пече неколку минути додека убаво не порумени од двете страни.
Извадете го од апаратот и исечете по рабовите, па послужете.