Џаред Лето ќе го гледаме во улогата на модниот великан Карл Лагерфелд во биографски филм

popara9 октомври, 20221min00
f_26451719_1280

Оскаровецот Џаред Лето во претстојниот биографски филм ќе го игра легендарниот дизајнер и креативен директор на модната куќа Шанел, Карл Лагерфелд, кој почина пред три години.

Лето и неговата партнерка Ема Лудбрук ќе бидат во улогата на продуценти, а за извршни продуценти избра тројца од најблиските и најсигурни деловни партнери на Лагерфелд. Меѓу нив се извршниот директор на Карл Лагерфелд, Пјер Паоло Риги, постар потпретседател за имиџ и комуникации на Лагерфелд, Каролин Лебар и поранешниот личен асистент на Карл, Себастиен Жондо.

image

„Возбудени сме што можеме да споделиме со вас дека ќе создадеме филм за Карл Лагерфелд со оскаровецот Џаред Лето, славејќи го неговиот живот и наследство“, пишува на официјалниот Твитер профил на брендот Карл Лагерфелд.

Засега Лето не сакаше да открива многу за главните аспекти на филмот, но истакна дека неговата цел е што е можно поверодостојно да го прикаже покојниот дизајнер на екранот.

„Се чувствувам како да го затворам кругот со ова и дека Карл ќе биде горд на она што го правиме“, изјави Лето за Women’s Wear Daily, додавајќи дека филмот ќе ги прикаже клучните врски на Лагерфелд, но од неочекуван агол.

image

Интересно е што само неколку дена претходно беше објавено дека темата на следната Мет Гала, која ќе се одржи во мај 2023 година, ќе биде „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“.

„Настанот ќе се состои од околу 150 дизајни кои ја истражуваат уметничката методологија на Карл Лагерфелд и стилскиот дизајнерски вокабулар преку теми кои се повторуваат повеќе од 65 години, од 1950-тите до неговата последна колекција во 2019 година“, се вели во соопштението на Мет за медиумите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma