Проблемите со забите може да бидат знак за сериозна болест, предупредува експертот Самир Пател од Лондон. Впрочем, тој вели дека бојата на забите и непцата може да бидат индикатори за вашето здравје. Дури и малите проблеми со забите понекогаш можат да бидат знак за сериозни здравствени проблеми, пишува Daily Mail.
Но, кои знаци се клучни за тоа дека нешто не е во ред?
- Лош здив
Ова најчесто индицира на болест на црниот дроб. Доколку и покрај редовно миење на забите и чистење на истите со забен комец имате лош здив тогаш истиот може да биде симптом за сериозна болест. Можеби се работи за проблеми со желудникот, варењето а понекогаш и заболување на црниот дроб.
- Жолти заби
Жолтите заби најчесто се резултат на консумирање на бројни лекови. Најдобар начин да се решите од жолтите заби е да го посетите вашиот стоматолог и да ги обелите.
- Сува уста
Недостатокот на плунка е еден од првите симптоми за дијабетис. Сепак, важно е да се нагласи дека сувата уста може да е и знак за дехидрација и други фактори, како што е пушењето и консумирањето на алкохол.
- Афти
Кога на афтите им е потребно повеќе од две недели да зараснат, тогаш треба да го посетите вашиот матичен лекар. Иако афтите се појавуваат најчесто кога ни е паднат имунолошкиот систем, сепак ако ваквиот проблем продолжи тогаш истите може да бидат индикатор за рак на ушната шуплина.
- Крварење на непцата
Се проценува дека оваа болест ја имаат повеќе од половина луѓе на планетава. Крварењето на непцата најчесто се јавува по миењето на забите а може да биде знак и за воспаление на непцата. Доколку воспалението не се непцата не се третира, истото може да доведе до парадентоза или инфекција на ткивото и коските во ушната шуплина. За да се намали ризикот од овие болести, потребно е редовно да ги миете забите и секој ден да ги чистите со забен камен. Менувајте ја вашата четка за миење заби на секои три месеци.