Проја со СИРЕЊЕ И ТИКВИЧКИ: Традиционално јадење на поинаков начин!

popara10 октомври, 20221min00
26928_projaaaa_f

Проја традиционално се прави само од крупно пченкарно брашно, сол и вода.

За среќа, традиционалниот рецепт денес постои во различни форми и облици и така го најдовме овој рецепт со тиквички. Благодарение на тиквичките, пројката ќе биде воздушеста и мека.

Состојки:

2 јајца
200 гр сирење
1 тиквичка, рендана
1 чаша кисело млеко
1 чаша бело брашно (искористете ја чашата од кисело млеко)
1 чаша пченкарно брашно
½ чаша масло
1 прашок за пециво
прстофат сол
сусам

Подготовка:

Тиквичките измијте ги и ако се млади изрендајте ги на поголем ренде со кората и семките. Ако не, излупете ги и извадете ја средината за да ги отстраните семките. Оставете ги да се исцедат. Кожата од тиквичките е многу здрава, но понекогаш знае да биде горчлива, па затоа пробајте ја пред рендање.

Најпрво со миксер се матат течните состојки: јајцата, киселото млеко, маслото. Потоа додадете бело брашно, пченкарно брашно, прашок за пециво и малку сол.

Соединете ги со тиквичките и сирењето и истурете во тавче или калапи обложени со масло или хартија за печење, посипете со сусам и печете на 200 °C десет минути, па на 180 °C околу 20-30 минути (во зависност од рерната). Пројата треба да има златно жолта до светло кафена боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma