Се појави нов трејлер за Нетфликсовата „Среда“: Кристина Ричи е тотално непрепознатлива

popara10 октомври, 20221min00
serija-sreda-830x0

Познато е и кога ќе се емитува серијата

Нетфликс објави нов трејлер за серијата „Среда“, во која главен лик е Среда (Венздеј) Адамс од семејството Адамс, откривајќи неколку нови ликови. Гледачите можеа да видат и како изгледа чичко Фестер, кој го игра Фред Армисен.

Исто така, ликот на учителката од „Nevermore Academy“, кој го игра Кристина Ричи. Познатата актерка, која ја играше Среда Адамс пред неколку децении, изгледа тотално непрепознатливо.

Серијата „Wednesday“ е креирана од Тим Бартон заедно со Ал Гоф и Мајлс Милар, кои претходно ја создадоа серијата „Smallville“.

Среда во серијата ја посетува академијата „Нивермор“.

„Таа се обидува да ја совлада својата психичка способност за настанување, да спречи монструозна убиствена треска што го тероризира локалниот град и да ја реши натприродната мистерија што ги вмеша нејзините родители пред 25 години – сето тоа додека се движи во нејзините нови и многу заплеткани односи во Невермор“, се наведува во описот на серијата.

Во филмот играат Џени Ортега како Среда, Луис Гузман како Гомез Адамс и Кетрин Зета-Џонс како Мортиша Адамс.

Серијата „Среда“ започнува да се емитува на 23-ти ноември на Нетфликс.

Погледнете го трејлерот:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma