
Мадина Мина, инфлуенсерка за нега, сподели со своите следбеници дека жолчката од јајце и маслиновото масло се одговорни за убавината на нејзината коса.
Секоја жена сака да има убава коса, а иако можеби мислите дека за тоа е потребно многу вложување и купување на разни производи, се лажете.
Наместо да посегнувате по амбалажите од полиците, видете дали веќе имате сѐ што ви треба дома.
Инфлуенсерката Мадина Мина често со своите следбеници ги споделува најразновидните совети за нега и убавина, а овој пат ги воодушеви сите девојки, откривајќи дека само две намирници се заслужни за нејзината прекрасна коса.
Направила едноставна маска од маслиново масло и две жолчки, ги измешала и ги нанела со памук, внимателно втривајќи.
Како што објаснила, благодарение на оваа маска нејзината коса расте уште побрзо и помалку опаѓа.
Погледнете како тоа изгледа ТУКА.