Се сложувате ли? Ситуација во која никогаш не треба да носите фармерки!

popara11 октомври, 20221min00
62394776-traperice

Фармерките се едни од најпопуларните парчиња облека во женската гардероба. Повеќето дами едноставно ги обожаваат и не можат да ја замислат својата гардероба без овие практични панталони кои можеме да ги носиме во повеќето прилики. Познавачите на модата веќе подолго време велат дека фармерките не се соодветни за сите места и ситуации и понекогаш мораме да ги замениме со класични панталони.

Фармерките сè уште се во групата на неформални парчиња и затоа, според модните експерти, мора да ги избегнуваме на сите места за кои е потребен свечен кодекс на облекување и носење свечена облека. Исто така не се пожелни во ситуации кога облеката покажува почит за луѓе и/или прилики како свадби и погреби.

Свое мислење за фармерките даде и Ана Винтур.

Во рамките на рубриката „Go Ask Anna“ на Јутјуб каналот на магазинот Vogue , таа беше прашана дали има ситуации во кои не треба да носиме фармерки. Ана даде јасен одговор и на крајот ја кажа приликата во која дефинитивно треба да ги избегнеме.

„Фармерките се одлични. Ги сакам. На улиците ги гледам сите тие модели облечени само во фармерки и бела маичка и изгледаат фантастично. Исто така, мислам дека има ситуации каде што треба да се има почит. Дефинитивно не треба да ги носите кога ќе се сретнете со вашите идни роднини за прв пат“, изјави Винтур.

Таа не е единствената која мисли дека за првата средба со семејството на партнерот треба да се дотерувате и да избегнувате лежерни комбинации.Сепак, треба да ја земете предвид и ситуацијата во која се среќавате со идните свекрва и свекор.

Ако, на пример, одите на патување во природа, сигурно нема да носите елегантен фустан и салонки бидејќи тоа едноставно нема смисла. Тогаш фармерките ќе бидат одличен избор, помалку лежерни од спортските панталони и хулахопките. Кога се среќавате со идните роднини, пред се треба да се грижите за соодветноста на парчињата што ги носите, а убавите фармерки во комбинација со елегантна блуза треба да ја поминат инспекцијата и на најстрогата свекрва.