
Чајот од коприва помага и при обилно менструално крварење
Често забораваме дека природата ни дала лекови за многу болести и што е најважно, тие ни се секогаш на дофат на рака.
А едно од таквите растенија е копривата.
Интересно е и тоа што сите делови на копривата – стеблото, лисјата, коренот и цветот имаат лековити својства, па можете да го извлечете максимумот од неа. Таа е најдобриот сојузник кога станува збор за прочистување на крвта.
Копривата ефикасно ги решава воспалителните процеси на уринарниот тракт и ја стимулира работата на цревата, што ја прави идеален избор за детоксикација. Чајот од лист од коприва може да помогне и при обилно менструално крварење, но и при крварење предизвикано од хемороиди.
Зголемениот шеќер во крвта е еден од водечките здравствени проблеми, а копривата позитивно влијае на панкреасот и помага во намалување на шеќерот во крвта. Чајот од коприва е корисен за вирусни и бактериски инфекции.

Содржи големо количество железо, а може да им помогне на оние кои се анемични.
Подготовка на чајот
Препорачуваме чај од коприва, кој се подготвува така што една лажица добро измиена и ситно сечкана коприва се прелива со 2 дл зовриена вода и се остава да отстои неколку минути.
Процедете го чајот и пијте го додека е млак и во мали голтки.