Познатата актерка Софија Вергара се појави како гостинка на крштевка во Лос Анџелес, а по тој повод ги шокираше сите присутни.
Познатата убавица за оваа свечена пригода не одбра комбинација која традиционално би ја поврзувале со крштевки. Имено, таа носеше комплет од дизајнерката Џоана Ортиз украсен со предимензиониран мотив на коњи.
Со панталоните со класичен крој и блузата таа облече кафени потпетици со платформа и вртоглаво висока потпетица, а изданието го заокружи со чанта од модната куќа „Bottega Veneta“.
Токму овој стајлинг беше критикуван од фановите на социјалните мрежи кои заклучија дека ова издание дефинитивно не е соодветно за крштевка.
„Софија е убава, но овој аутфит е малку невкусен“, „Чуден избор за крштевка, тотално погрешила со аутфитот“, „Многу непримерна комбинација“, се само дел од негативните коментари за актерката.