ПО ДВА БРАЧНИ БРОДОЛОМИ И ДВЕ ДЕЦА, СРЕЌАТА ЈА ПРОНАЈДЕ ВО ПОМЛАД: Се омажи актерката која го глумеше најомразениот лик на ТВ

popara12 октомври, 20221min00
Lena-Headey

Ѕвездата од култната серија „Игра на тронови“ се омажи по трет пат.

Најпозната како легендарната кралица Серсеј, актерката Лена Хеди (49) се омажи за актерот и ѕвездата на серијата „Озарк“, Марк Менчак и ова е нејзин трет брак. Церемонијата се одржа во Италија, а меѓу гостите имаше и бројни други ѕвезди од „Игра на тронови“ како Софи Тарнер.

Парот се венчаше на 6 октомври, а веста дури сега се прошири низ светот. Лена за специјалната пригода носеше прекрасна бела венчаница и долг вел. Како што веќе рековме, ова ѝ е трет пат на актерката да плови во брачните води. Таа првпат се омажи за музичарот Питер Пол Лофрен во 2007 година, а се разведоа 6 години подоцна. Вајли Елиот Лофрен, нивниот заеднички син, е роден во 2010 година за време на златното доба на бракот на неговите родители.

 Lena Headey udala se po treći put

Во 2015 година, Лена го роди девојчето Теди, кое го имаше со своето момче, режисерот Ден Кадано, пријател од детството. Но, и таа врска не траеше, па раскинаа во 2019 година по една година брак и повеќегодишна врска. Иако првично рече дека сака да биде сингл, набрзо се заљуби во нејзиниот сегашен сопруг Марк Менчак.

 Lena Headey s novim suprugom Marcom Menchacaeom

Нивната венчавка се одржа во Апулија, Италија, а Марк е три години помлад од Лена. Официјалните фотографии од венчавката не ѝ се достапни на јавноста, а бидејќи актерката вообичаено е многу таинствена, таа не сакаше претерано да ја споделува оваа прослава со своите обожаватели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma