Најстариот син на најдолготрајниот владетел на Британија, Елизабета Втора, принцот Чарлс, ќе биде крунисан за крал заедно со неговата сопруга Камила на 6 мај 2023 година. Церемонијата ќе биде организирана во лондонската Вестминстерска опатија, а по многу нешта ќе биде поинаква, што ја шокираше јавноста.
Се размислува тој ден да се прогласи за празник, а сите во палатата да имаат слободен ден. Тоа е одлука што треба да ја донесе Одделот за дигитални медиуми, култура, медиуми и спорт на кралското семејство.
Главната причина за големите промени на овој свечен настан во споредба со крунисувањето на кралицата Елизабета Втора е, како што истакнува новиот монарх на Велика Британија, зголемените трошоци за живот, како и желбата да се поддржи идејата за модерна монархија.
Секако, колку и да „инсистира“ на скромност, сите го делат мислењето дека се ќе биде подготвено на највисоко ниво, достојно за деветвековен дух на традиција. И овој историски момент, кој е наречен „Златна топка“, ќе го предводи надбискупот од Кентербери, Џастин Велби.
Зошто тој датум?
Бакингемската палата денеска откри дека службата за новиот шеф на државата ќе се одржи во сабота, на 6 мај 2023 година – осум месеци по смртта на нејзиното височество и четвртиот роденден на синот на принцот Хари и Меган Маркл, Арчи.
Датумот е избран за да не дојде до конфликт со Евровизија, која се одржува една недела подоцна во Ливерпул и финалето на фудбалскиот куп на крајот на месецот и почетокот на јуни.
Мај доби одобрение и од метеоролошките експерти, кои предвидуваат пријатно време за церемонијата.
И Камила ја добива круната
Животот на Камила конечно се менува од корен, а таа промена ја чекаше со децении! Таа ќе биде крунисана заедно со нејзиниот сопруг, исто како што Кралицата Мајка беше крунисана од кралот Џорџ VI во 1937 година. Елизабета беше крунисана на 2 јуни 1953 година – 16 месеци откако стана монарх, но нејзиниот син треба да чека само девет месеци.
Сите познати детали од операцијата „Златната топка“ досега се:
– Церемонијата ќе биде многу пократка. Наместо 3 часа, ќе трае само еден час.
– Списокот на гости значително ќе се намали. Од 8.000 гости, списокот е намален на 2.000 гости.
– Дури се разгледува и кодексот на облекување и се предлага порелаксирана верзија каде ќе се дозволи носење салонска облека наместо свечени одела.
– Принцот Вилијам ќе има важна улога во планирањето и спроведувањето на целата церемонија.