Доколку имате проблем со искашлување, сигурно ќе ви помогне сирупот од лимон, мед и маслиново масло
Поранешна српска ватерполистка Настасја Недимовиќ ја надмина опасната болест – мултипли миелом, рак на коскената срцевина, а сега преку бројни здравствени совети им помага на луѓето да си го подобрат животот.
Многумина кога се болни имаат проблем со кашлање и искашлување, а таа сподели рецепт токму за тоа.
За да се ослободите од непријатниот слуз, таа советува да го консумирате овој напиток два пати на ден:
Потребни состојки:
2 лажици вода
2 супени лажици сок од лимон
2 супени лажици ладно, девствено маслиново масло
поголема лажица мед
Подготовка:
Истурете ги состојките во стаклена тегла и добро промешајте.
Смесата консумирајте ја наутро и навечер, а доколку имате проблем со воспалено грло, можете и да ја загреете и да ја пиете топла.