Оваа есен АЈЛАЈНЕРОТ ќе се носи сосема поинаку: Стилот од 60-тите тропна на голема ВРАТА, а многу познати личности веќе го прифатија!

popara12 октомври, 20221min00
20130_shutterstock-1257033982_f

Двојниот молив за очи е нов тренд на шминкање кој ќе ви се допадне

Летово видовме дека жените навистина си поиграа со шминката и со различни тонови и бои, а ниту оваа есен нема да биде досадна.

Трендот кој сите со нетрпение го очекуваат е двојниот ајлајнер, бидејќи на методот „cat eye“ му дава сосема поинакво значење (вака жените се шминкале во шеесетите години на минатиот век).

Кога ќе почнете да си играте со шминката и ќе го испробате овој тренд од шеесеттите, можеби ќе сакате да започнете веднаш со течен молив за очи или креон, но најдобрата техника е да користите четка со кос агол и сенка за очи по избор. Ако сте елегантна девојка и сакате да го рекреирате овој тренд користејќи темно кафеава или дури црна сенка за очи – тогаш оваа шминка е совршена за вас.

Screenshot 2022-10-12 142352
Screenshot 2022-10-12 142409

Црниот креон секако е секогаш тука, но за одредени дневни излегувања подобро е да се одлучите за кафена сенка. Кафеавите сенки совршено ги истакнуваат светлите очи, особено сините, додека оваа техника на шминка може да ви го даде оној суптилен изглед на мачкини очи што го барате. Започнете со цртање кафеав ајлајнер на горниот капак како што обично правите. Потоа, со помош на аголна четка, нанесете кафеава сенка и над моливот за очи, следејќи ја природната празнина на окото. Откако ќе ги врамите очите со сенка на горниот капак, време е да преминете на долниот капак, така што ќе можете да ја следите симетријата што веќе сте ја создале.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma