Сите мислат дека овој симптом е ДОБАР, а може да „најави“ смрт 14 години однапред! Еве кој е најзагрозен

popara12 октомври, 20221min00
Srce-infarkt-2048x1187

Резултатите од едно големо истражување привлекоа огромно внимание

Не треба да се нагласува колку е важно редовно да се следи крвниот притисок.

Според научните истражувања, крвниот притисок во подоцнежната фаза од животот почнува благо да опаѓа, а тоа е околу 14 години пред да настапи смртта.

Овој заклучок дошол како резултат на научно набљудување на здравствената состојба на 46 634 Британци кои починале на 60-годишна возраст или подоцна, а во примерокот биле вклучени луѓе кои биле здрави, но и оние кои имале деменција и срцеви заболувања.

Според овие студии, крвниот притисок најмногу паднал кај пациентите кои страдале од деменција, срцева слабост, губење на тежината, како и кај оние кои имале висок крвен притисок. Интересно е и тоа што намалување е забележано и кај пациенти кои немаат ниту една од наведените болести.

– Нашето истражување фрла светлина на важноста од следење на состојбите на постарите пациенти какви лекарите гледаат насекаде. Би бил многу вознемирен доколку некој нашата работа ја протолкува како мотив да не ја лекуваме хипертензијата во подоцнежните години со лекови и да не ги препишуваме – вели авторот на истражувањето.

Се наведува и дека лекарите треба да обрнат внимание на тоа што значи падот на крвниот притисок за постарите пациенти.

Постојат многу знаци кои укажуваат на близината на смртта, а висината на притисокот и сите промени поврзани со него можат да бидат индикатори.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma