Според астролозите, ова се среќниците кои ќе ги почувствуваат придобивките од среќниот живот во наредните зимски месеци.
Бик
За припадниците на овој знак следува период во кој треба да го искористат максимумот и да ризикуваат, сега или никогаш. Време е да седнат, да размислат за минатото и што научиле од тоа, што ги променило. Тоа ќе отвори нови перспективи за животот и светот околу нив и ќе им овозможи да го изберат најдоброто за себе во блиска иднина.
Биковите зимава ќе ги доживеат најпозитивните промени во кариерата, иако е и добар период за поврзување со нови луѓе, дружење и подобра комуникација. Ќе се чувствуваат помалку осамено, бидејќи ќе запознаат прекрасни луѓе и ќе оформат квалитетни пријателства. Исто така, зимата им носи возбуда на љубовен план, повеќе оптимизам и динамика. Биковите кои се во врска ќе добијат повеќе разбирање и поддршка од партнерите и тоа многу ќе го ценат.
Девица
Дојде време Девиците да бидат заслужено наградени за сиот труд, а во текот на зимата нивните способности ќе дојдат до израз. Луѓето ќе ги фалат повеќе од вообичаено, а на нив е да ги прифатат комплиментите бидејќи тоа го заслужуваат. Во лажната скромност нема ништо благородно и тие го знаат тоа, па ќе уживаат во позитивните реакции. Припадниците на овој знак ќе блеснат од страст и автентичност во наредните месеци, а нивното расположение ќе биде на врвот. Нивната иновација може да доведе до позитивни деловни промени.
Слободните оваа зима ќе се опоравуваат од поранешните љубови. Дефинитивно треба да имаат на ум дека потезите што ги прават сега на љубовен план сигурно ќе покажат резултати во иднина. Во врските, Девиците ќе можат да решат некои стари несогласувања со партнерот и повеќе да се фокусираат на позитивното во него.
Јарец
На припадниците на овој знак, астролозите им предвидуваат магичен период оваа зима. Зад нив е бурна година полна со храброст и планови за иднината. Она што го посакувале во тешките месеци, сега конечно ќе можат да го применат и да уживаат во придобивките од трудот и работата. Оваа зима Јарците ќе бидат повеќе од подготвени за нови предизвици, напредок, вложување во иднината… Точно ќе знаат што сакаат и што им треба за да ги постигнат своите цели. Пред нив се месеци полни со оптимизам и позитивна енергија. Ќе имаат квалитетни односи со другите луѓе, но и ќе станат свесни за потребата да одвојат време за себе, ќе ја разберат важноста на редовното опуштање и одмор.