Чест естетски проблем: Ослободете се од испуканите пети!

popara12 октомври, 20221min00
Screenshot_6

Испуканите петици се една од оние непријатности без кои човек апсолутно би можел да живее удобно. Овој проблем е постојан, не ви дозволува да носите нови сандали, а може да биде и болно. Како да ги излечите испуканите пети?

 

 

 

Постојат голем број причини зошто испуканите петици не можат да заздрават: од габични инфекции до премногу време во влечки. Тие всушност можат да бидат предупредување дека на вашето тело му недостига витамин Ц, Б3 или Е. Затоа, време е да откриете која од овие причини ве измачува.

 

Најчестите причини за испукани пети:

 

  • Сува кожа
  • Носење апостолки или влечки секој ден
  • Одење со боси нозе
  • Траума на кожата, која може да биде предизвикана од често стругање
  • Медицински состојби како што се атлетско стапало, псоријаза, егзема
  • Стоење долго време без соодветна поддршка за петите
  • Студено време
  • Продолжена изложеност на влага
  • Носите чевли кои не ви одговараат
  • Дехидрација
  • Габични инфекции
  • Недостаток на витамини

 

Како да ги излечам испуканите пети?

 

Прво, забележете ги сите оние навики кои ви ги уништуваат потпетиците, а на кои сè уште се држите.

 

Ако одите боси, со апостолки или влечки – секоја вечер нанесете мрсен крем на петите и одвојте време и пари за педикир од време на време.

 

Ако вашата работа е долго стоење, седење или пак, носите несоодветни обувки – сменете го тоа веднаш! Носењето непријатни штикли за неколку часа е една работа, но постојаното носење лоши чевли може да има многу полоши здравствени последици од испуканите пети. Погрижете се да носите квалитетни чорапи и чевлите да имаат потпора за пети.

 

Кога вашиот проблем се медицински состојби, траумата на кожата или се сомневате на габична инфекција – време е да посетите лекар! Само тие можат да ви дадат рецепт за лек кој брзо ќе го реши проблемот со кој се борите со месеци.

 

 

Како да ги излекувате испуканите пети чекор по чекор:

 

Чекор 1: Избегнувајте чистење и стругање

 

Штом еднаш сте ја оштетиле кожата, стругањето на петите и грубото отстранувањето на наслагите може само да го влоши проблемот. Затоа, дерматолозите тврдат дека подобра опција е да пробате креми за пилинг кои содржат јака хидратација како што е уреата. Ова треба да помогне да се отстрани мртвата кожа без дополнително да се оштети или исуши.

 

Чекор 2: Хидрирајте ги стапалата

 

Редовното нанесување на хидратантниот крем на стапалата е еден од најлесните начини за лекување на суви и испукани пети. Честопати ќе ви помогне најобичниот крем кој го имате дома, а доколкутоа се покаже дека не е доволно, можете да пробате и со вазелин. Откако ќе го нанесете кремот или вазелинот, завиткајте ги стапалата, облечете чорапи и оставете кремот да делува преку ноќ.

 

Чекор 3: Зголемете го внесот на вода

 

Како веќе да немате доволно причини да пиете повеќе вода, не треба да ве чуди што овој испробан и вистинит метод е и на листата за закрепнување на испуканите пети. За да го хидрираме телото, а со тоа и петиците, потребни ни се осум до дванаесет чаши вода дневно.

 

Чекор 4: Производ за третман на испукани пети

 

Ако проблемот е сериозен, треба да се консултирате со дерматолог. Постојат голем број на производи кои содржат салицилна или гликолна киселина кои можат да ви помогнат да се ослободите од испуканите пети. Сепак, не треба да ги користите без да се консултирате со експерт дури и кога производите се слободно достапни во продажба.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma